Ваше мислење за содржините на IT.com.mk?

Дискусија во форумот 'Ваши сугестии / забелешки / проблеми' започната од D, 7 Август 2008.

  1. STEFF

    STEFF Sensei

    1,917
    2,372
    4 Јули 2013
    И дајте тоа copy-paste на насловот како што е прикажано во сликиве сменете го. Делува ептен безвезе.

    Sent from RN2
     
  2. TylerMkD

    TylerMkD Гик

    999
    1,314
    7 ноември 2014
    Машко
    Им пишав јас еднаш, исто и скратениот линк дека нема потреба да стои над линкот...добив одговор дека некои го кликале и тоа.
    Логично ми е, ако го нема l33t линкот, неписмен е народот, ќе го фати паника и нема да знае каде да кликне. :)
     
    Изменето од модератор: 9 Јуни 2016
    На STEFF му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Daniel86

    Daniel86 Sensei

    1,983
    4,162
    28 Мај 2013
    Машко
    ButtHurter
    Егзактли мај поинт :)

    [​IMG]

    [​IMG]

    Уат д фак, на што одговорив сеа жити се...
     
    На TylerMkD му/ѝ се допаѓа ова.
  4. TylerMkD

    TylerMkD Гик

    999
    1,314
    7 ноември 2014
    Машко
    Јас заебав работа кога цитирав. :)
     
  5. spiritBreaker

    spiritBreaker Активен гик

    1,146
    983
    27 oктомври 2015
    Машко
    Менување програми во старачки дом - Програмер
    да нема забуни/дискусии веќе, @Astro ќе си го испие виното прво, па после кога ќе го закачат со шишето по тилот (читајки ги вестите), а нема да знае дали е од виното или шишето :p

    на темата: потребни се промени секако...штури се вестите, монотони, не толку чести ...
     
  6. Fatal1ty_

    Fatal1ty_ Großmeister

    18,048
    16,934
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Па има апликации и за андроид и за ИОС ако мислиш на тоа.
     
    На Costigan_Jr му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Costigan_Jr

    Costigan_Jr Sensei

    2,400
    3,142
    5 Јули 2013
    За андроид ја имам тестирано, мислев да се додаде како агрегат за новости да издвојува, според интересот на корисникот, со селектирање области. Лошо се искажав, пардон.
     
  8. TylerMkD

    TylerMkD Гик

    999
    1,314
    7 ноември 2014
    Машко
    https://www.it.mk/steam-beshe-pod-ddos-napad-postoi-mozhnost-da-e-haknat/

    Што е со последнава реченица...

    Во моментот, ситуацијата делува разрешена и посетителите можат непречено да продолжат со шопингот, гласањето за најдобрите игри, но и негување на илузијата дека купеното од оваа продавница е навистина нивно.

    :)))
     
  9. D

    D Администратор

    3,032
    977
    31 Март 2007
    Појасни...
     
  10. prichina

    prichina Cuda 5.5

    7,509
    4,682
    24 Мај 2009
    Машко
    Мултимедиа (Филм и Тв)
    Во последната реченица се мисли, као , Steam забегале со мислата дека игрите што ги продаваат се во суштина нивни произведени игри, TylerMkD
     
  11. TylerMkD

    TylerMkD Гик

    999
    1,314
    7 ноември 2014
    Машко
    Не знам, барам појаснување јас. Како што јас разбирам, авторот критикува дека посетителите се во илузија игрите биле нивни. Не ми е јасно што сака со ова да каже, а како што знам има разлика меѓу вест и колумна. :)
     
  12. D

    D Администратор

    3,032
    977
    31 Март 2007
    Авторот наведува дека постои можност Steam да е хакиран, како што беа и Adobe, Dropbox, Yahoo... со што игрите се кај нив на сервер.

    Точно, но зад секоја вест има автор и секако дека дозволуваме и охрабруваме секој автор да си го изнесе своето мислење..
     
    Последна промена: 24 Декември 2016
  13. NecrotoX

    NecrotoX Ентузијаст

    1,930
    1,577
    4 Март 2013
    Машко
    Цртач
    Па точно е тоа, илузија е, ако го снема Steam утре ќе ги снема и "нашите" игри. Иако веројатноста за такво нешто е екстремно мала, сепак во теорија тоа е точно.
    Единствен начин навистина да поседуваш некоја игра е да ја купиш на некоја DRM-free платформа како на пример GOG.
     
    На Krkac и Avid им се допаѓа ова.
  14. Lokvan

    Lokvan Гик

    581
    799
    12 Јануари 2016
    Машко
    Moмци, морам да забележам дека во неколку наврати пренесувате вести кои имаат политички необјективни заклучоци. Како на пример овде:
    https://www.it.mk/razvrska-na-obidi...e-vo-sad-proterani-nad-35-ruski-razuznavachi/

    Очигледно е дека таквите политички заклучоци во вашите текстови не се намерни и дека се последица на пренесување на „вести“ од меинстрим медиуми како што е New York Times. Но самиот наслов наведува на следново нешто што е само шпекулација: „заради нивното мешање во изборите, САД протера 35 руски разузнавачи“.

    Всушност протераните се акредитирани дипломати а не „разузнавачи“ а за целата наводна руска вмешаност не е изнесен ниден доказ во јавноста, пракса честа во времето на претходната студена војна меѓу СССР и САД. Целата работа во овој случај е во смената на старата претседателска администрација со нова, а Обама сака да му остави што полоши надворешни односи на Трамп.

    Но на вакви дискусии секако не им е местото на еден IT портал и јас само сакав да ви покажам како ваквите текстови (а ги имаше неколку) изгледаат гледани од страна на јавноста која ја следи светската геополитика: Необјективно и политички обоено, што повеќе сум од сигурен - никако не ви е намерата, ниту сте свесни дека е така.


    Доколку ми дозволите, јас би ви предложил да се задржите на моментите окулу наводното хакирањето на имејл серверите на Демократската Партија на САД, нешто што секако е многу интересно од IT аспект - но да не ги пренесувате насловите така како што се напишани во западните меинстрим медиуми (каков што е и New York Times).
     
  15. D

    D Администратор

    3,032
    977
    31 Март 2007
    Здраво Локван,

    За насловот во право си, променет е во:
    САД ја обвинува Русија за сајбер напади и протерува над 35 руски дипломати.

    Не се заклучоци, јасно стои кој тоа го кажува. Не цитираме било кого, туку најрелевантни светски медиуми.

    Како вест во која се зборува за сајбер напади, и за која обвинувања за државни хакирања не се за на ИТ портал? Те молам објасни го тоа.

    За третирање на темата повеќе од ИТ аспект, забележано. Но дел од нашата работа е пренесување и на вести ,секако даваме се од себе да не се тоа политички обоени, шпекулативни, лажни или пак булшит. Постојано се трудиме да најдеме начин како да понудиме нешто подобро. Биди сигурен во тоа и ваквите забелешки секако ни помагаат.
     
  16. Lokvan

    Lokvan Гик

    581
    799
    12 Јануари 2016
    Машко
    Јас се извинувам ако бев погрешно разбран, забелешката за наведениот текст беше првенствено за насловот. Разбирам дека и јас би ја направил потполно истата грешка во времето кога не следев геополитика (и некои други работи).

    Благодарам за прифатената сугестија.
    Порталов го ценам како еден од најдобрите и најсредени во македонскиот информатички етер, само заради тоа и одвоив време за критика - која пред се беше од конструктивен карактер.
     
    На D му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Isak Keyten

    Isak Keyten Гик

    841
    844
    25 ноември 2014
    https://www.it.mk/maxthon-e-odlichna-alternativa-za-vashite-prelistuvachki-naviki/

    Дај ве молам не препорачувајте вакви кинески шпинунашки софтвери како "одлична" замена за хром и фајрфокс. Да не праиме муабет шо броусерот добива еднаш у шест месеци асален апдејт, нема асален адон сапорт и е назад во сите броусер спид тестови.
     
    На D и P.Overdrive им се допаѓа ова.
  18. Avid

    Avid Ентузијаст

    1,367
    1,371
    21 Јануари 2009
    Регистри клинери препорачуваа пред некое време така да ова не изненадува.
    Не знам шо им е финтата.
     
    На Isak Keyten му/ѝ се допаѓа ова.
  19. DarkoG

    DarkoG Гик

    456
    280
    27 Јуни 2012
    Некогаш премногу форсирате политика на блогот со цел да се оцрни некој поединец, треба за ИТ да пишувате и повеќе.
     
    Последна промена: 12 Јануари 2017
  20. D

    D Администратор

    3,032
    977
    31 Март 2007
    Меѓу публиката има некој што прв пат се среќава со registry cleaner... во следната верзија на ИТ.мк ќе се обидеме да понудиме персонализација.
     
  21. D

    D Администратор

    3,032
    977
    31 Март 2007
    Би те замолил да ни ги пратиш написите каде што има политика?
     

Сподели