Користење на дронови во битката против загадување на воздухот

Дискусија во форумот 'ИТ Вести од Македонија' започната од D, 18 Декември 2016.

  1. D

    D Администратор

    3,052
    1,045
    31 Март 2007
    Матеј Плавевски е ученик во осмо одделение во училиштето Јахја Кемал. Ужива да програмира, дизајнира и да создава нови комбинации на ИТ технологии. Негови трудови се: Автоматска брава, Паметно огледало, Редит бот и најновиот проект Дрон за следење на загадување.

    На IT.mk Матеј го сподели својот проект дрон за следње на загадување на воздухот, објаснувајќи го детално процесот за како проектот би функционирал и што е потребно.

    Повеќе детали тука @ http://1337.mk/9fa
     
    На JensenInterceptor, Глупав, the_maker и уште 7 други им се допаѓа ова.
  2. smole

    smole Sensei

    2,184
    2,036
    18 Април 2007
    Добра замисла и изведба, браво за дечкото!

    Негативност е што при јак ветер, врнежи на дожд и снег овој дрон неможе да лета, но ова е основа за понатамошен развиток доколку се бараат многу локализирани мерења на загадување.
     
  3. D

    D Администратор

    3,052
    1,045
    31 Март 2007
    При јак ветар секако нема да се реални мерењата, и тоа практично е несоодветно време за летење. :)

    У секој случај браво за дечкото!
     
  4. mdeni

    mdeni Активен гик

    1,374
    1,130
    24 Септември 2012
    Одлична идеја. За ова да има логика мора да има постојану мерења на поголема површина.
     
    На Astro и D им се допаѓа ова.
  5. D

    D Администратор

    3,052
    1,045
    31 Март 2007
    Има доста луѓе со дронови, би било интересно да се направи заеднички проект со отворен код каде што би се споделувале резултатите, така ќе се постигне повеќе. Кога веќе државните институции не преземаат ништо за загадувањето кое ни штети на сите, ваквите проекти се потенцијален спас.
     
    На Krkac му/ѝ се допаѓа ова.
  6. mdeni

    mdeni Активен гик

    1,374
    1,130
    24 Септември 2012
    Спасот е во акциза и данок на дрва како и пораст на свеста за употреба на топлински пумпи. Поддржано со казни за употреба на биомаса за огрев.

    Ама и бројчиња на мапа се океј, но далеку од решение.
     
    prichina, Astro и на esquimaux им се допаѓа ова.
  7. esquimaux

    esquimaux Гик

    322
    451
    16 Јануари 2016
    Машко
    Се слагам. За повеќе:
    https://www.carbontax.org/
    https://en.wikipedia.org/wiki/Carbon_tax
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  8. D

    D Администратор

    3,052
    1,045
    31 Март 2007

    Спасот е и во свесноста на граѓаните, не го заборавајте тоа. Колку само огромен придонес кон овој проблем придонесе Мој Воздух на Горјан... така и ваквите проекти само можат да помогнат.




    Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
     
    На Krkac му/ѝ се допаѓа ова.
  9. mdeni

    mdeni Активен гик

    1,374
    1,130
    24 Септември 2012
    Би те замолил за информација за каков реален придонес донела апликацијата? Шерување "леле 500, леле 800 на фејзбук не се рачуна".

    Само по џеб да се репнат загадувачките домови. Нема друго.
     
    На Astro му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Fatal1ty_

    Fatal1ty_ Großmeister

    18,731
    17,847
    28 Февруари 2008
    Машко
    Experienced Web Developer
    Огрев на дрва не е најголемиот загадувач на воздухот. Ако запазиш ќе видиш дека најголемата загаденост на воздухот е во урбаните оштини каде проценотот на домаќинства кои се греат на дрва е најмал....тука најголема улога има не контролираното градење на згради поради кои возухот неможе да циркулира беспречено....
     
    cele_x, Banjifiko и на Krkac им се допаѓа ова.
  11. D

    D Администратор

    3,052
    1,045
    31 Март 2007
    Се рачуна. Апликацијата има над 30.000 преземања. Пред апликацијата дали толку многу луѓе зборуваа и се интересираа за загаденоста на воздухот? Не.
    Благодарение на кренатата свест кај граѓаните се организираа и протести, се прават вакви проекти, се врши притисок врз администрацијата да изнајде решение.

    Апликацијата го олесни читањето и информирањето за загаденоста. Џабе мерки ако свеста кај граѓаните не е на соодветно ниво.

    1) http://www.it.mk/kako-ednostavna-aplikatsija-otvori-debata-vo-parlamentot-za-zagadeniot-vozduh/

    2) http://www.it.mk/vozduhot-vo-makedonija-povtorno-e-opasen-za-dishene/

    3) http://www.it.mk/ke-mozhat-li-aplikatsii-da-ni-pomognat-so-zagadeniot-vozduh/

    Не можеш да тврдиш дека информираноста на Facebook не засегнува луѓе... се повеќе луѓе шетаат со маски, се повеќе луѓе ги гледаат... апликациите и ваквите проекти отвараат дискусии.

    Во секој случај, ваквите проекти помагаат, а не одмагаат.
     
    Последна промена: 18 Декември 2016
    На HoLfElDeR, Krkac, Oktar и уште 2 други им се допаѓа ова.
  12. mdeni

    mdeni Активен гик

    1,374
    1,130
    24 Септември 2012
    A fireplace pollutes the air as much as 1,000 cars
    http://www.grreporter.info/en/fireplace_pollutes_air_much_1000_cars/8814
    [​IMG]

    http://www.mddelcc.gouv.qc.ca/air/chauf-bois/index-en.htm
    Горење биомаса наспрема загадувањето од 50 години стара електрана на јаглен, 3 пати поголема емисија на честички
    [​IMG]
    6 пати повеќе емисија на честички од 50 години старата електрана на јаглен во
    [​IMG]
    Споредба на модерна електрана на биомаса, наспрема работа на гас, 67 пати повеќе опасни материјали во воздухот.
    [​IMG]


    http://www.maforests.org/Chris_Matera_Biomass_Reality_Check.pdf
    Сето тоа ѓубре, на сметка на касапење на шумите.

    A ако зборуваме за домаќинствата:
    [​IMG]
    http://www.bnl.gov/isd/documents/71376.pdf
    Пелетите се најефикасно согорување на биомаса (дрво) денес и се почисти за 3-4 пати од печките на дрва. Но и покрај тоа тие имаат 1800 пати поголема емисија на честички од домаќинско греење на гас. Или 15 пати поголема емисија на честички отколку греење на нафта.

    Не е работата да се заклучи колку многу загадува горењето на дрва. Туку поентата е да се сфати магнитудата на загадувањето од горење дрва. Магнитудата е во експоненцијален степен. Кога нешто е 2-3 пати полошо се вели дека е полошо, кога нешто е 10-20 пати полошо е многу лошо. Кога нешто е илјадници ПАТИ полошо од нешто друго, тоа е елементарна катастрофа.

    Дискусијата на тема „коли“, е многу смешна кога се работи за магнитуда од илјадници пати.

    10.000 домаќинства кои се греат на дрва (4 часа дневно да гори дрво), имаат еквивалентно загадување на грубо 5 милиони просечни возила кои поминуваат 30км во денот.

    10.000 домаќинства кои се греат на дрво загадуваат колку држава со 18 милиони домаќинства (Шпанија, Турција) да се грее целата на гас. Тоа е магнитудата на загадувањето за кое зборуваме тука. Степен од илјадници пати.

    10.000 домаќинства кои се греат на дрво загадуваат 20 пати повеќе отколку да се греат на струја од електрани на јаглен кои се поставени веднаш до нивните куќи. Загадуваат стотици пати повеќе отколку да се греат на струја од гасна електрана поставена до нивните куќи.

    10.000 домаќинства кои се греат на дрво загадуваат колку 10 индустриски капацитети кои горат јаглен, колку 100 индустриски капацитети кои горат гас. Магнитудата на загадување од илјадници и илјадници пати си го прави своето. Степенот на загадување не е ни приближен, ниту споредлив.

    Лесно може да заклучиме од приложеното. Ама само ако сакаме. Ако не сакаме тогаш нема да заклучиме.

    Сечата ако се прекине, воздухот дополнително ќе се подобри и во поглед на честички и во поглед на концентрација накислород. На три фронта напаѓа грееењто на дрва. Ем намалува апсорпција на CO2 (западен фронт), ем испушта огромни количини на CO2 во атмосферата (јужен), и источниот фронт од WW2 кој е како и секогаш 90 пати поголем од сите други фронтови заедно - неколку тони честички во атмосферата секој ден.





    Температури за декември и јануари:
    [​IMG]
    [​IMG]
    Нормално дека надвор е потресително страшно БАШ ЗАРАДИ ќумбињата, ама муабетот е за Јаглерод Моноксид во случајов, а не за задименост. Доаѓа времето кога жалбите за воздухот ќе се се почести, а тоа е зимава. Особено како што викаат дека ќе е топличка како ланската значи дека пак ќе се соочиме со магла и загадување од горените дрва/ствари.

    Само да се вклучат сите клими по Скопјево на греење зимава, наместо да се труеме ќе имаме намалување на вкупните трошоци, повеќе пари во џебот, значително почист воздух, поздрав народ, без ниедна негативност. Едно копче е во прашање. Клик, и се ќе биде во ред. А скоро сите имаме клими по дома. Во овие периоди климите БЕЗ НАЈМАЛ ПРОБЛЕМ постигнуваат да загреат, макар и најефтините и најпростите. Само треба да се употреби тоа копче за палење наместо да хибернираат цела зима. Ете нека се горат дрва, ете нека, ајде. Ама климата да покрие САМО 40% од загревањето, а тоа било која клима може да го направи во секое време (реално 70-100% покрива), значи дека наместо 10 кубика, ќе се согорат 6 кубика во едно домаќинство зимава. Истите пари дадени, ако е за парите - грубо.

    И тоа да е најсуво и најквалитетно согорено дрво, ќе има енормно голема разлика во загадувањето. А тек што дрвата кај нас во голема мера не се тотално припремени, пресушени. Тоа ја зголемува емисијата на честички за ред величини! И во тој момент енормното, станува незамисливо големо. Секоја година истото морам да го објаснувам, и па можеби некој некаде ќе сфати кој е правиот пат.


    Дека неможеш да се објасниш со луѓето неможеш. Ај тоа. Еве сега иницијативата е почната со субвенции за пелетни печки и намалување на ддв за пелети. Значи пошто нема решение, мора да се оди така. Дел се пребација, дел ќе останат. Од наредна година ќе мора да се качи дрвцето во цена, за да се исфрла од употреба, и на крај после 3 години и акциза да му се опаша заради тоа што тоа е ЛУКСУЗЕН продукт кој настанува со сечење на шуми и во повеќе насоки го нарушува воздухот, а за тоа мора некој да плати. Во случајов тој што користи дрва.


    Да, од горење дрва е. Сите знаеме. Цел свет знае. Сите истражувања на светов покажуваат. Да не се лажеме.
     
    mviktors, gego и на Astro им се допаѓа ова.
  13. D

    D Администратор

    3,052
    1,045
    31 Март 2007
    Повторно, ваков проект ќе ти овозможи да мапираш кои домаќинства или делови од општини највеќе се греат на дрва и да преземеш мерки - идење од врата на врата или што и да е.

    Не знам, јас лично гледам огромна корист во ваквите проекти, кои ем се практични и евтини, ем креваат свест.


    Испратено од iPhone преку IT.mk форум апликација
     
    ivan88, Krkac, salamander и на уште 1 им се допаѓа ова.
  14. Lokvan

    Lokvan Гик

    681
    925
    12 Јануари 2016
    Машко
    Браво за момчето.
    Ваквите проекти навистина помагаат во подигнување на свеста.

    Од друга страна сите никогаш нема да бидат „свесни“, некои или не можат или не сакаат. На жалост реалноста е дека ништо од „свеста“ на граѓаните без соодветни закони и правила, и уште поважно - без нивно целосно спроведување од органите на власта (тука запнуваат повеќето работи во државава, има закони ама не се спреведуваат).


    http://skopjeinfo.mk/koj-e-najgolemiot-zagaduvach-vo-skopje
    http://tocka.com.mk/1/216701/analiz...tvata-najmnogu-go-zagaduva-vozduhot-vo-skopje

     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  15. psyside

    psyside Модератор

    20,919
    18,666
    4 Септември 2008
    Додека не се реши проблемот физички кај нас, еве кај е спасот,

    [​IMG]
     
  16. salamander

    salamander Гик

    210
    230
    16 ноември 2011
    Машко
    Нека ме мапира и мене некој и нека ми донесе гратис една печка на пелети од 90000 и многу ќе му бидам благодарен, а нели и заедно ќе се бориме против загадувањето на воздухот.

    zz
     
    На igor_igor му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Lokvan

    Lokvan Гик

    681
    925
    12 Јануари 2016
    Машко
    Со печка на пелети заедно ќе се борите ЗА загадување на воздухот.
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  18. FLEGMA

    FLEGMA Sensei

    6,524
    9,194
    2 Август 2012
    Машко
    Не вариме компот од сливи за сите ѓутуре да ги ставиме во „загадувачки домови“. Единствен лек е цело Скопје да биде на централно греење
    Луѓето се мафтаат со дрва затоа што мораат. Идеално би било сите да имаме парно на струја и готово.
     
    На igor_igor и salamander им се допаѓа ова.
  19. Lokvan

    Lokvan Гик

    681
    925
    12 Јануари 2016
    Машко
    Не можеш некој да го натераш да потпише договор со БЕК. Договор со кој како да им го даваш првородениот син, и договор од кој не смеат да излезат никој од идните 100 генерации потомци или жители на станот/куќата (не без плаќање доживотен месечен арач). :)

    Сериозно, тоа што ни треба е гасификација. Ништо друго не е целосно решение.
    Централно греење само по личен избор.


    П.С. Патем ова е интересна тема за дискусија, можеби може да се пресели во одделна тема за оваа да не иде во офтопик? :)
     
  20. salamander

    salamander Гик

    210
    230
    16 ноември 2011
    Машко
    Пријателе ќе намалиме од 150g на 5g честици за загадувањето.
    Инаку нее проблем, нека мапира некој кои домови се греат на дрва и нека проследи една така добра мрежа на природен гас или т.з. плин, 100% од домакинствата ке се префрлат на употреба на плин, не дека некој несака туку нема услови за да сме земја од бајките.

    Кај братми во Холандија се е на плин, цело време е топло, мислиш несака некој и тука да му е така?
    Кај друг другар исто во Холандија имаат централно на струја за цел стамбен блок и исто не и е ни скапо и исто 24/7 и е топло.

    Кај нас е онаа "гладна кокошка просо сонува", a кога ќе има една ебана стабилна плинска мрежа до секој ебан дом тадури тогаш кој нема да сака да користи, не некоја еколошка такса туку такса на простоќа нека стават ако сакаат да се плаќа.

    zz
     
  21. vukasin

    vukasin Гик

    145
    69
    31 Јануари 2011
    Темава е многу тесно поврзана со внатрешната политика, но ќе се обидам да си го кажам мојот став без мешање на политика.
    Значи некој погоре спомна казнување на семејстава кои се греат со дрва! Грешка. Може да ме казни слободно и би платил и би бил засрамен од самиот себе за потегот кој сум го направил, но пред тоа државата да ми обезбеди алтернативи НА ЦЕЛАТА ТЕРИТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА, а не само по урбаните места. Зашто да нема инфраструктура за парно по сите села? Зашто да нема инфраструктура за греење на гас? Зашто да нема поволности за струја во зимскиот период?
    Греењето да дрва е мака но порадито тоа што нема услови и пари луѓето се одлучуваат за тој најефтина извор на топлина. А ако имаме стабилно опшество, кое што државните пари ќе ги троши паметно, тогаш јас ќе бидам прв кој ќе се залага за казнување на тие што користат дрва...А вака да се казни некој КОЈ НЕМА ПАРИ ДА ДАВА за сметки за струја по 20 и кусур илјади е класичен рекет.
    Да не праиме моабет за јавниот превоз кој е мизерен. Кога би нарпавиле и инвестирале во јавен превоз јас би го користел со задоволство, ем е поефтин и го зачувуваш воздухот и природата.
    Затоа размислете дека не живееме сите во центар и немаме исти услови, а потоа кажувајте како треба да се казнуваат граѓаните кои се греат на дрва.

    Се надевам дека со постов не прекршив ниту едно правило иако е малку офтопик, па истото нема да биде избришано.
     
    cipiripi, Krkac, HoLfElDeR и на уште 1 им се допаѓа ова.
  22. FLEGMA

    FLEGMA Sensei

    6,524
    9,194
    2 Август 2012
    Машко
    Па да...
    Во Данска струјата е џабе а гасот и нафтата изгор. А зашто е тоа така ќе видите ако просурфате малку.
    Врие од ветерници и алтернативни извори. Можеле тие, уѓум на север, да цуцлаат гага енергија а ние, пошто најпаметни нели, увезуваме струја, штитиме монополи и тако даље и томе слично.

    Битно малиот има одличен пронајдок за инстант следење на загадување. Место сензор за пе-ем ставаш сензор за полен (ваљда постои вакво нешто?) и следиш алергени.
     
  23. Lokvan

    Lokvan Гик

    681
    925
    12 Јануари 2016
    Машко
    Само ако електрониката на печката е целосно подесена со сите (стотици параметри) според потребите и условите на корисникот.

    Знаеш како кај нас се „конфигурираат“ печките на пелети?
    Никако, идат на дифолт па кому иде. :rolleyes:
    Ела кај мене во комшии да ти покажам два случаи кои чурат двапати поцрн чад од третиот сосед кој се грее на дрва.


    "Гладна кокошка просо сонува?"

    Многу голема дезинформација и незнаење има за состојбата на гасификацијата. Знаеш ли дека до Скопје повеќе од деценија (и доста порано) ВЕЌЕ ИМАМЕ донесен гасовод од бугарската мрежа? И дека така стои работата?
    Само Охис и Усје се приклучени (не дека користат гас). За безначајни година-две може да се заврши целата инфраструктира низ цело Скопје.

    Кажа работата е „политичка“, но всушност не е. Се работи за корупција на тие што треба да ги изработат работите, а ги коруптираат тие што заработуват од непостоење на гасификацијата.
    На крај сите ние сме криви затоа што не бараме гасификација. Ете избори имаше, за се се збореше но најмалку за гасификациајта како понуда во изборните програми.
     
    На mdeni му/ѝ се допаѓа ова.
  24. salamander

    salamander Гик

    210
    230
    16 ноември 2011
    Машко
    1.Пријателе не сум од Скопје.

    2.Цитирај ме за второто.

    3.Несакам да има препукување меѓу нас коа на крај пак ќе немам плин до дома...

    zz
     
  25. Lokvan

    Lokvan Гик

    681
    925
    12 Јануари 2016
    Машко
    Не бе, какво препукување. Само дискутираме и разменуваме информации, а одредена разлика во ставовите е и нормална и пожелна.

    Скопје или надвор од него, истата причина е секаде.
    Намерно се кочи работата, гасификацијата можеше и требаше да биде завршена уште пред десетина (и повеќе) години. Треба повеќе свесност и познавање на ситуацијата, и правење притисок кон надлежните. Тоа треба да ни е целта на сите нас.
     
    На salamander му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели