Ит хорор

Дискусија во форумот 'Oстанато' започната од lynx, 15 ноември 2016.

  1. lynx

    lynx Sensei

    2,943
    2,197
    4 Септември 2008
    Јас овие слики би ги ставил на кутии од цигари.

    2016-11-14 20.13.jpg

    2016-11-15 19.11.jpg

    2016-11-15 19.19.jpg

    2016-11-15 19.22.jpg
     
    На gego, Neokhor, Razor-mk и уште 9 други им се допаѓа ова.
  2. Lokvan

    Lokvan Гик

    681
    925
    12 Јануари 2016
    Машко
    Колку вакви гомнарии сум се изнагледал... :D
    Ќе ме намоли некој (нели, од тие што не можеш да ги одбиеш), отвараш куќиштето а она внатре флора почнала да расте и фауна да шета... :sick:

    Туку што би бил добар совет за чистење на ова, од гледна точка на секојдневен корисник.
    - Со правосмукална ништо не прават, едвај понешто да се исчисти така. Мора дување.
    - Нема шанси да си земам беља да им ги носам куќиштата на работа да ги дувам со компресор, ќе си земам редовна обврска и замарање кое ни за пари ни за љубов не сакам да го имам.
    - Да им предложиш да си купат компресорче, некако оверкил ми изгледа, најевтините се 6-7 илјади (и којзнае дали ги бива).
    - Едно време ги советував навечер да ги носат комјутерите на бензински пумпи ;)

    Немаше некаде на форумов некој муабет за дувалка за лисја од дрва, што наводно можело да се користи за ваква намена?
     
  3. Astro

    Astro Sensei

    3,357
    4,069
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    За ваква намена само преса... сосе газдата.
    Многу од дамна во детството, во една од месниве индустрии во производство, каде беше многу мрсно а се отвараше една порта и влегуваше прашина од надвор. Епа замислете ред сало, ред прашина внатре во куќиштата.
    Смрт е подобро одошто да чистиш таков.
     
    ivan88, Lokvan, StalkeR и на уште 1 им се допаѓа ова.
  4. dangthe

    dangthe Активен гик

    795
    929
    5 Септември 2008
    Машко
    На Neokhor му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Lokvan

    Lokvan Гик

    681
    925
    12 Јануари 2016
    Машко
    ^
    Не е sustainable овој предлог. За тие пари би требало цел компјутер да го исчистат со компресор, како нов да биде внатре. Типичен Логинг, 380 ден за мало спрејче компримиран обичен воздух... o_O
    За добро угомнет компјутер ти требаат колку, 10 спрејчиња??


    Уште се смеам кога ќе се обидам да го визуелизирам ова. :D
    Чекај, а како влегувал сало во куќиштата?? o_O
     
  6. dangthe

    dangthe Активен гик

    795
    929
    5 Септември 2008
    Машко
    Ти пишав тераат неколку темелни чистења на целото куќиште, тоа во превод е година дена ако го чистат компјутерот еднаш на неколку месеци. Не знам што е unsustainable во тоа освен ако не планираш секој втор ден да го дуваш?
     
    На psyside му/ѝ се допаѓа ова.
  7. lynx

    lynx Sensei

    2,943
    2,197
    4 Септември 2008
    Сало и никотин само компресор од 20 бара го корне.
    Тоа конзервата со воздух мислам дека е само за некоја си фина прашина, како што имав пред некој ден лаптоп полн со филер.
     
  8. Lokvan

    Lokvan Гик

    681
    925
    12 Јануари 2016
    Машко
    На секои два-три месеци дување на РСто?
    Чист мазохизам, ама ајде математиката да ја видиме. Некои 4-5 пати по 400ден (заокружувам), тоа се 1200-1600 денари годишно??

    Подобро ќе купам компресор за отприлика стотина евра. И ако ништо друго ќе имам лична сатисфакција да не им гледам фаците во на тие разбојниците во Логинг (и да им давам ним сатисфакција да ме прават будала).
    Всушност со оглед на последново, би платил и повеќе од стотина евра. ;)
     
    maci, damil и на prichina им се допаѓа ова.
  9. dangthe

    dangthe Активен гик

    795
    929
    5 Септември 2008
    Машко
    Не знам дали нејасно пишувам или не читаш до крај. 1 конзерва = неколку темелни чистења (да речеме 4). Така што 1 година = 380 денари
     
    На marto му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lokvan

    Lokvan Гик

    681
    925
    12 Јануари 2016
    Машко
    Да се обложиме дека комјутерот од уводниот пост, кој на скала од 1 до 10 го ставам 5.5 (во однос на тоа јас што сум видел), дека нема теорија да го исчистиш со едно спрејче?

    Не зборам за твоето неколку пати на годината редовно чистење на компјутерот. Зборувам за темелно да го исчистиш солидно запрљан компјутер, затнат хитсинк на процесор, затнат хитсинк на графичка карта, полно напојување, и потоа никаде во куќиштето да нема прашина.
     
  11. bibil

    bibil Wax on, wax off

    164
    113
    29 Март 2012
    Машко
    Рачна пумпа за гуми е тамам + некаква четка.
     
    На Lokvan му/ѝ се допаѓа ова.
  12. dangthe

    dangthe Активен гик

    795
    929
    5 Септември 2008
    Машко
    На ваква прљавштина не почнуваш со дување - јас кога сум чистел ваква прашина прво обавезно таму каде што можам поминувам со четка затоа што понекогаш е премногу залепена прашината што не излегува ни со дување (јас ги дувам со Кирби, има опција да го приклучиш обратно и да дува наместо да шмука и има еден дел што го стеснува напред цревото и добиваш компресорче). Единствено да прашаш дали некој има правосмукалка која што има таква опција. На крајот на краиштата, не им паѓај толку во несвест - ако сакаат да им се чисти компјутерите, треба да платат :cool:
     
    prichina, Molec и на AlexanderMK им се допаѓа ова.
  13. Lokvan

    Lokvan Гик

    681
    925
    12 Јануари 2016
    Машко
    Добро решение за ова е win-win ситуација. Ем јас нема да се угомнам до рамења со нивните страња, ем за нив е подобро да имаат чист компјутер (за подобро ладење, итн).

    Ајде сигурно сите имате неколку луѓе кои не можете да ги одбиете, им кажуваш исчисти го тоа или не го пипам - само работата е како.
    Ете советот за пумпа од гуми звучи добро (а сите ја имаат).
     
  14. Astro

    Astro Sensei

    3,357
    4,069
    20 Јуни 2012
    Машко
    ERP Consultant, MCSA, SQL
    Дечки, бекап на хард дискот, опростување со компјутерот, вадење све, миење со топла вода, стара четка за заби, благ детергент и оставање недела дена на парно. Би требало да работи после тоа, јебига твој проблем, следен пут не го оставај така нечист.....
     
    На Razor-mk му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Daniel86

    Daniel86 Sensei

    2,041
    4,425
    28 Мај 2013
    Машко
    ButtHurter
    Не знам ни сам колку пати сум го правел ова, always works ;) само што благ детергент не помага, се користат малку потешки хемии. После максимум пола саат ја уклучувам плочата и нема мака. Нека се смее кој колку сака, плочата излегува како од фабрика и може да се работи на неа нормално.
     
    На cakii, Boldozer, krema и уште 3 други им се допаѓа ова.
  16. Lokvan

    Lokvan Гик

    681
    925
    12 Јануари 2016
    Машко
    Jaс така тастатурата ја бањам, само тастерите поточно. За се друго, со компресор завршувам и добра и брза работа.

    Вие сте искусни момци а мене муабетот ми беше што може секојдневен рандом корисник да направи. Значи да е лесно изведливо и да е „неинвазивна“ постапката. Вадење на хитсинк од процесор, графичка карта, како истите би се измиле потоа, тоа за нубови не доаѓа во обзир.
    Тоа со четка и пумпа за гуми звучи изводливо, иако како да паметам дека некаде некој спомна дувалка за лисја од дрва. Такво нешто ако е до некои 3илјади, би било уште подобра варијанта.
     
  17. bokiscout

    bokiscout Ентузијаст

    1,582
    1,794
    17 Март 2011
    Машко
    Сликава да му ја попкажеш на сопственикот и да пуштиш муабет дека вируси и бактерии се собираат па од тоа се разболувале по дома. Јас така им праам.
     
    Razor-mk, mdeni и на mviktors им се допаѓа ова.
  18. Ab@ace

    Ab@ace Гик

    265
    173
    21 Мај 2016
    Машко
    Мене ми дошле бетер од овој, со пајажини бумбари дури и измети од глувци,ова е топ и со задовочство би го ичистил :)
     
    На Razor-mk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Daniel86

    Daniel86 Sensei

    2,041
    4,425
    28 Мај 2013
    Машко
    ButtHurter
    Братко, колку и да постојат муабети дека правосмукалката ствара статички електрицитет, јас секогаш проблемот го решавам парцијално со неа, да се собере она најголемото, во игра спаѓа и мала четка за фарбање, па и да остане нешто минимално, воопшто не е страшно, секако ништо во споредба со она погоре. Никогаш не сум имал проблем заради тоа.

    Еве јас живеам во стан на 5-ти спрат, каде да употребам компресор ај кажи ми, сеедно дали сум сервисер или клиент :D и секогаш вакви работи ги отварам пред сопствениците, зборувам за оние на кои не можеш да им наплатиш, и муабетот секогаш го почнувам со: "ова е можно и да не се поправи". Одма се какаат у гаќи и им паѓа незгодно. Веројатно и тоа е главната причина поради која веќе не добивам вакви уреди ;)

    На крај краева, и да го расипе апаратот за време на чистењето, тука си ти, ќе си наплатиш делови, набрзинка ќе монтираш и ајт создравје, да видиш како се дотерува памет.
     
    На Lokvan му/ѝ се допаѓа ова.
  20. igor_igor

    igor_igor Ентузијаст

    1,364
    1,521
    2 Септември 2012
    Машко
    Подобро на кутии од хардвер. :p
     
  21. Tajson

    Tajson Гик

    339
    440
    25 Февруари 2016
    Машко
    Ако ги отворам куќиштата на машините во погон и ги сликам ќе се чудиш како работат. Пред три години кога го отворив на кројачот за иверки куќиштето, матичната плоча беше покриено со ситна дрвена прашина цели 3-4 сантиметри. Не било отварано од 2001 год., го издував со компресор го стокмив како треба, и зимата цркна хард дискот, и ај сега докажи му на мајсторот дека исправно било што сме го отварале :p.
    Го сменивме целото пц ставивме фуџитсу еве три години не сме го чепнале, наредно чепкање кога ќе цркне хард дискот(внатре имаме исклучен хард резерва со програма од машината на него);).
     
  22. mviktors

    mviktors Гик

    867
    1,189
    25 oктомври 2012
    Машко
    Куќиште неотворено 4,5 години, на другар пушач што ме прашуваше зошто му бучи многу компјутерот. Ова беше прво отворање од кога го купил од Анхоч. За 500 денари мислам дека му го средија у Анхоч со менување паста.
    pc1.jpg pc2.jpg
     
    На Lokvan му/ѝ се допаѓа ова.
  23. FLEGMA

    FLEGMA Sensei

    6,524
    9,194
    2 Август 2012
    Машко
    Еднаш зедов еден стар компјутер за преинсталација влага женава после некое време и почна: Нели ти е срам да пушиш бе, мали деца, здравје, штетно, себичен, оваков-онаков, собата, варосување, завеси..
    Уште додаде: Ем пушиш ем бурек со месо си јадел
    :)
    Тажен е гиковскиот живот
     
    На DennyMK, Harrabed, Necromancer и уште 2 други им се допаѓа ова.
  24. Lokvan

    Lokvan Гик

    681
    925
    12 Јануари 2016
    Машко
    Внатре кокошки да не чувал? :D
     
    На mviktors му/ѝ се допаѓа ова.
  25. FLEGMA

    FLEGMA Sensei

    6,524
    9,194
    2 Август 2012
    Машко
    :)
    Дури не видам цел асортиман на инсекти не прогласувам шалабајзерство. Прашина е too mainstream.
     
    На mviktors му/ѝ се допаѓа ова.
Слични теми
  1. shevchenko
    Одговори:
    73
    Прегледи:
    11,243
  2. Andrijeski
    Одговори:
    4
    Прегледи:
    954
  3. ''TcM>>
    Одговори:
    32
    Прегледи:
    2,833
  4. psyside
    Одговори:
    3
    Прегледи:
    802
  5. psyside
    Одговори:
    27
    Прегледи:
    1,555
Вчитување...

Сподели