1. Здраво и добредојдовте на форумот на IT.com.mk.

    Доколку сеуште не сте дел од најголемата заедница на ИТ професионалци и ентузијасти, можете бесплатно да се - процесот нема да ви одземе повеќе од 2-3 минути, а за полесна регистрација овозможивме и регистрирање со Facebook и Steam.
  2. IT.com.mk Steam група: http://steamcommunity.com/groups/itcommk

Avtorski prava/Izdavacki prava?

Дискусија во форумот 'Генерална дискусија' започната од daci92, 22 Април 2011.

  1. daci92 Ентузијаст

    Член од:
    4 Февруари 2009
    Број на мислења:
    2,245
    Допаднати мислења:
    166
    Пол:
    Машко
    Локација:
    Скопје
    Zdravo decki sakam da prasam nesto ,
    imam ideja za eden proekt so online knigi ,razmisluvam specijalno za Makedonskiot pazar i nema da imam nikakva zarabotka od toa ,duri i jas licno ke vlozuvam pari samo za da go izgradam i odrzuvam toa sto ke go napravam ,e sega ne mi e jasno kade da se obratam za avtorskite/izdavackite prava bidejki se raboti za knigi koi se napisani od Makedonski avtori ,luge koi vlozile trud .
    Ne sakam da prekrsuvam avtorski prava i da gi izdadam na internet bez voopsto da se konsultiram dali smeam bez dozvola ,ako ne smeam od kogo treba da pobaram dozvola dokolku avtorite se pocinati i kako da pobaram od tie sto se zivi itn , bidejki navistina sakam ideava da mi uspee.
  2. marv Активен Гик

    Член од:
    5 Октомври 2007
    Број на мислења:
    769
    Допаднати мислења:
    199
    Пол:
    Машко
    Па за оние автори кои се жии, ќе мораш нив да ги контактираш. Некои се сеуште носители на авторските права, некои ги имаат препуштено на издавачите, или може и комбинација. За починатите автори, ќе мораш со наследниците, пошто авторските права се наследни.

    Во секој случај читни го законот за Авторските и Сродните права, ќе добиеш подобра претстава што и како иде. Еве линк Закон за авторското право и сродните права
  3. Новица Гик

    Член од:
    7 Јануари 2009
    Број на мислења:
    222
    Допаднати мислења:
    18
    Зависи кои автори, кои дела и која намена. :) Нема еден одговор за сите книги.
  4. daci92 Ентузијаст

    Член од:
    4 Февруари 2009
    Број на мислења:
    2,245
    Допаднати мислења:
    166
    Пол:
    Машко
    Локација:
    Скопје
    Se raboti za Makedonska literatura koja se cita vo osnovni i sredni ucilista kako lektiri i dela kako zadolzitelni po Makedonski jazik ,najprvo ke se pocne so taa od sredno no ako proektot e uspeshen moze da se dodade i literatura od osnovno obrazovanie ,no i opsta literatura .
    Citanjeto na literaturata bi bilo na samiot sajt (dokolku uspeam nekako da ja zastitam od simnuvanje) za da ne dojde na prekrsuvanje na avtorski prava.


    @marv
    Blagodaram za linkot ,ke dzirnam sto ima tamu :)
  5. Goran123 Активен Гик

    Член од:
    25 Јуни 2010
    Број на мислења:
    1,027
    Допаднати мислења:
    172
    Теоретски е невозможно :) Се додека некој може да го прочита текстот, било вметнат во слика, .pdf, или било што друго, копирањето е возможно, без разлика што нема да може книгата да се симне класично. Со самото појавување на книгата онлајн, ти ги прекршуваш авторските права уште одма, а некој да ти даде дозвола за бесплатно да му се симнува и користи трудот, тешко (ама пробај, ништо не те кошта). Што мислиш, зошто Гугл Букс ги нема закачено комплетно сите книти, туку само превју од неколку страни?

    Не знам точно за Македонија, ама провери дали има закон колку страници од дадена книга може без никаков проблем да се објават/скенираат/ископираат.

    Ако навистина сакаш да го правиш ова, подобро започни некоја rls group, земете оф-шор хостинг, .com домеин, пуштете џигерици и станете Renegades (идеја за името на rls group-ot) :p И онака рече дека не планираш да заработуваш од ова.
  6. daci92 Ентузијаст

    Член од:
    4 Февруари 2009
    Број на мислења:
    2,245
    Допаднати мислења:
    166
    Пол:
    Машко
    Локација:
    Скопје
    Ne kako sto kazav ,jas veke imam zemeno domen ,drugo zatoa i prasav za avtorski prava ne za drugo, jas znam deka ako se pojavi na internet bez dozvola togas se prekrsuva zakon i zatoa prasav .Ne sakam nelegalni raboti .Inace znam deka teoretski e nevozmozno a isto i za prakticnoto vazi ,no jas sebe si da se zastitam ,da go zabranam simnuvanjeto ili nekoja klauzula so koja ke se zastitam sebe si od zakonite ,bidejki ne sakam da si imam problem so zakonot ako nekoj ne gi pocituva pravilata ,nesto slicno kako youtube ili pak domaci.de
    Pr. Youtube ne dava link za simnuvanje ,ali so 100 drugi programi ili strani mozes da simnes
    Domaci.de dava da se simnat no imaat klauzula koja ti kazuva deka posle 30 dena pesnata koja si ja simnal treba da ja izbrises i dokolku ne go napravis toa tie ne odgovaraat
  7. kirev Гик

    Член од:
    31 Мај 2010
    Број на мислења:
    711
    Допаднати мислења:
    121
    Пол:
    Машко
    Локација:
    Скопје
    Гугл има каде-каде повеќе пари од тебе и може да ги обезбеди сите авторски права. НО, проблемот со кој се сретнуваат е дека најчесто не може да се дојде до авторот или наследниците. Конечно, успеаја на следниов начин:
    1. Ги искенираа сите книги.
    2. Ги ставија на интернет како привју, т.е. неколку странички.
    3. Ако после некое разумно време не добијат званично барање од сопствениците на авторските права да ги тргнат од интернет, ги оставаат во целост.
    Ти звучи привлечно? Проблемот е што ова малце не е во согласност со македонскиот закон за авторски и други сродни права, но, тој закон е правен кога дигиталните книги не постоеле. Па сега...

    Патем, направија и договор со некои здруженија на автори, НО, падна на суд, па сега пак наново :)

    Мое мислење - гоу фор ит. Регистрирај ДООЕЛ, никакви пари немој да правиш од „нелегалните“ книги, стави ги по неколку странички, бриши ги веднаш кога ќе ти побараат, и терај. После година две, стави ги цели тие за кои што нема жалби. Дури и да ти фукнат тужба, штетата е нула.

    Дисклејмер - ова не е совет од адвокат, голем си ти си знаеш...
  8. Goran123 Активен Гик

    Член од:
    25 Јуни 2010
    Број на мислења:
    1,027
    Допаднати мислења:
    172
    Тие две работи, не одат заедно :) Прво распрашај се колку е казна за фирма, ако ти стегнат тужба. А како може штетата да е нула, не ми е јасно :zbunet3:

    Него, зошто му предлагаш да отвори ДООЕЛ? Ако не планира да прави пари, да врти фактури, и слично, зошто би му била фирма воопшто, освен да му ги комплицира работите уште толку?
  9. kirev Гик

    Член од:
    31 Мај 2010
    Број на мислења:
    711
    Допаднати мислења:
    121
    Пол:
    Машко
    Локација:
    Скопје
    Дооел не одговараш само со имотот на фирмата? Како приватно лице одговараш со цел имот.

    Како може да е нула? Ако никој не е оштетен од 5-6 странички привју, колку е штетата? Или гледањето е 500 денари по страница? Штетата е нула.
  10. daci92 Ентузијаст

    Член од:
    4 Февруари 2009
    Број на мислења:
    2,245
    Допаднати мислења:
    166
    Пол:
    Машко
    Локација:
    Скопје
    Kirev brat gi razbiram tie raboti no sepak jas sakam da si se osiguram poso vo nasava drzava pa moze da mi stegnat kazna za toa sto ne sum pobaral odnapred dozvola od avtorot iako toj tolku vreme ne se pobunil ic ,nivniot izgovor pred sud ke bide nie ne sme znaele se dosega.Me svakjas ?
    Rabotata e da ne dojde do taa tuzba.Inace znam jas deka po pravilo ne treba da napravat takvo nesto ,deka treba officialno da pobaraat od mene da gi trgnam sodrzinite bidejki bile kaceni bez nivno znaenje.
    Jas seto ova go prasuvam samo zaradi prosta pricina sto znam deka nema da mozam da gi najdam site tie sopstvenici ili naslednici itn.
    I drugo e sto ne sakam da davam za registracija na firma za nesto od koe ke nemam ic kjar tuku sum donekade vo zaguba.
  11. Goran123 Активен Гик

    Член од:
    25 Јуни 2010
    Број на мислења:
    1,027
    Допаднати мислења:
    172
    ДООЕЛ, ДОО, приватно лице или било што, ќе одговараш и те како (за фирма ќе го јаде директорот, потписникот, одговорниот, итн.)

    А за штетата не сме се разбрале, ти мислиш на едно, јас на друго. Јас мислев дека мислиш на штетата што ќе да ја претрпи тој што ќе го јаде стапот на крај, ако тужбата е успешна. А твоето толкување на штетата, сепак не е нула, а колку е, ќе утврди судот, и нека не те чуди ако судот утврди штета од 500 денари по страна.
  12. Goran123 Активен Гик

    Член од:
    25 Јуни 2010
    Број на мислења:
    1,027
    Допаднати мислења:
    172
    За ова распрашај си се убаво, и консулирај се со некој што ги знае овие работи на памет, во однос на Македонија и законите тука. Не знам како го прават тоа YouTube, и кои се закони ги фаќаат нив. По некоја логика, ако ти ги ставиш содржините, и истите се симнати/видени/ископирани дури и еднаш, штетата е веќе направена. Значи за да не збориме на памет, и да не нагаѓаме што ќе беше ако не беше, побарај детално инфо од некој "ѕвер" на оваа тема, затоа што од сите што ти даваат еден куп совети на форумов, никој не е сигурен дека тоа е така.
  13. gdamjan Активен Гик

    Член од:
    3 Април 2008
    Број на мислења:
    1,954
    Допаднати мислења:
    170
    Веб-страна:
    @daci92
    Според законот, авторското право важи 70 години од смртта на авторот, така да можеш да почнеш со дела кои не се регулирани со законот. Ако не се лажам тука спаѓаат и делата на Кочо Рацин на пр.

    Тоа би ти бил одличен почеток колку да си ја истестираш идејата, а потоа ќе можеш да продолжиш и да бараш други книги.
  14. daci92 Ентузијаст

    Член од:
    4 Февруари 2009
    Број на мислења:
    2,245
    Допаднати мислења:
    166
    Пол:
    Машко
    Локација:
    Скопје
    blagodaram za odgovorot Damjan ,znaci da si zapocnam jas so izgradbata na sajtot i da pocnam so postarite knigi pa dokolku nema nikakvi problemi da si prodolzam so rabotata ,samo seuste se mislam kako da gi rabotam ,dali skenirani direknto od knigata vo pdf ili pak da se pisuvaat celosno (za sto e potrebno mnogu vreme)
  15. D3N1EL Ентузијаст

    Член од:
    10 Август 2010
    Број на мислења:
    2,296
    Допаднати мислења:
    695
    Пол:
    Машко
    Локација:
    Скопје
    мислам дека во .pdf ти е добро...
    ако не сакаш да им даваш на другите да ја симнат/искорпираат било која книга, направи така да таа книга што е во пдф да се гледа во едно "прозорче", значи не целосно и да оневозможиш десен клик и селектирањето+ctr и c. барем вака веќе повеќе од 80% од посетителите не ќе можат да ја симнат книгата
  16. krale Баниран/a

    Член од:
    6 Февруари 2009
    Број на мислења:
    1,287
    Допаднати мислења:
    67
    Идејата ти е добра, па и благородна, но јас би предложил мала промена на концептот. А тоа е ова да го правиш како бизнис - односно со заработка. На пример, на средните школи (или Министерството за образование) да им наплатуваш одредена сума, за нивните деца да имаат бесплатен пристап. Можеш и индивидуално да пробаш, ама мислам дека така ќе успееш малце потешко.

    Можеш да понудиш многу поевтини цени од печатење на книга.

    А исто така, ќе ти се формира доволен буџет за да можеш да исплатиш барем малце на авторите на книгите. Тоа ќе ти помогне, верувај ми, да обезбедиш 99% од авторските права. Инаку, за бесплатно тешко ќе успееш да добиеш авторски права.
  17. daci92 Ентузијаст

    Член од:
    4 Февруари 2009
    Број на мислења:
    2,245
    Допаднати мислења:
    166
    Пол:
    Машко
    Локација:
    Скопје
    Druze znam kako da go zastitam pdf ot bar za jas da se zastitam sebe si (bidejki sekogas ima nacin da se simne) za da ne se kopira bas zatoa i razmisluvam za toa :) .

    Druze proektot e zamislen samo za da im se ovozmozi na site da imaat pristap do knigite ,za da im se ovozmozi na site da go dobijat ona sto ne bi otisle da go zemat od bibllioteka ,jas poznavam bar 100 dusi sto trosat so saati bescelno bez kompjuter ,a za toa vreme bi ja procitale knigata koja bi im donesla poveke znaenje a i ocena vo uciliste.
    Jas znam deka podobro bi bilo za mene da zarabotuvam no za toa prvo treba da se obezbedat pari za avtorski prava pa potoa da se pravi taka ,no jas gi nemam tie pari za da si dozvolam da gi platam avtorskite prava.
  18. Новица Гик

    Член од:
    7 Јануари 2009
    Број на мислења:
    222
    Допаднати мислења:
    18
  19. daci92 Ентузијаст

    Член од:
    4 Февруари 2009
    Број на мислења:
    2,245
    Допаднати мислења:
    166
    Пол:
    Машко
    Локација:
    Скопје
    ovdeka se raboti za dela koi ne podlezat na avtorski prava kolku sto svativ od toa sto go procitav zatoa sto avtorskite prava se veke isteceni vo USA no kako sto e napomenato tie moze da podlezat na avtorski prava vo drugite drzavi i isto taka se raboti za dela od amerikanski ili opsto stranski avtori :)
  20. D3N1EL Ентузијаст

    Член од:
    10 Август 2010
    Број на мислења:
    2,296
    Допаднати мислења:
    695
    Пол:
    Машко
    Локација:
    Скопје
    знам дека има начин да се симне, а дури со најлесна заштита 50%-60% македонци нема да можат да симнат/ископираат.
  21. IT Boss n00b

    Член од:
    2 Јуни 2010
    Број на мислења:
    195
    Допаднати мислења:
    15
    Браво Даци. Идеата ти е стварно добронамерна и благородна. Додека некои прашуваат како со 2-3 клика да направат пари на интернет, ти прашуваш како со многу часовна работа да му помогнеш на македонското општество. Браво за тебе!

    Малку истражував на оваа тема и го најдов одговорот. Доколку ти го направиш тој сајт и сам официално си ѓи објавуваш книгите, тогаш е многу голема веројатноста да некој од авторите те тужи и да те осудат на затвор. За ова ти зботувам озбилно, немој бидејки сам ќе си го најдеш ежот.

    Варијантата која јас ти ја препорачувам е да направиш вака. Направи веб сајт на кој секој ќе може да се регистрира и да побара дозвола од тебе за да објавува книги. Ти нормално нема на никому да дадеш, освен на неколку профили, кои неофициално ќе бидат регистрирани од тебе. Од нив ќе ѓи објавуваш книгите. Доколку некој ти проговори за авторските права, ти ќе одговориш дека ти со книгите на сајтот немаш никаква врска, дека сајтот е само твој, дека во правилата стои да не се објавуваат книги кои подлежат на авторски права, но дека и покрај тоа некој регистриран корисник ѓи објавива. Ќе се извиниш и ќе кажеш дека тој корисник е баниран. Доколку некој продолжи да се жали, тогаш ќе ја избришеш книгата. Нешто слично како на YouTube. Секој може да објави видео, кое може и да прекршува нечие авторско право. И ќе нема никаков проблем, освен ако авторот не побара тоа видео да биде избришано. Но YouTube во никој случај нема да одговара бидејки видеата не се објавени од нив, туку од трети лица.

    Се надевам дека ти помогнав. Ако имаш уште прашања прашај ме слободно.
  22. RagingDemon Ентузијаст

    Член од:
    24 Март 2009
    Број на мислења:
    4,091
    Допаднати мислења:
    1,381
    Мислев, тешко се наога некој близок од власта :LOL:
    Ама па сега идат избори и поотворени се, можеби ке најде :rolleyes:
  23. daci92 Ентузијаст

    Член од:
    4 Февруари 2009
    Број на мислења:
    2,245
    Допаднати мислења:
    166
    Пол:
    Машко
    Локација:
    Скопје
    Blagodaram IT Boss, brat jas licno ne gledam potreba da zarabotam ogromna suma na pari ,jas sum vraboten zimam dobra suma na pari koja gi zadovoluva do nekade moite potrebi, mene licno mi e krivo zasto da nemame se poveke javni servisi kade sto site moze da pristapat ,pa neli stanuvame informaticko opstestvo .
    Znaci so otvoranje na javen servis jas se zastituvam sebe si od ponatamosni tuzbi ,odnosno tuzbite se nevalidni poradi toa sto sekoj moze da spodeli sodrzina na servisot?
    Jas prethodno razmisluvav i za takva ideja ,ima i pogore spomnato vo odnos na toa kako mozam da se zastitam sebe si ,a pritoa da ne doveduvam vo prasanje avtorski prava.Ne sum covek koj saka da zaraboti pari od makata na drugite luge ,jas od sajtov bi zarabotuval samo dokolku na pr stane poznat i koristen i stavam reklami samo za otplata na davackite (site znaeme deka za javen servis se potrebni jak hosting i dobar domen).
    Ideava mi e od pred nekoja godina i razmisluvav dolgo vreme dali da ja spodelam ili ne zaradi toa sto sepak ova e javno mesto sekoj moze da procita i da iskoristi, a mene ne mi e zastitena idejata.Najprvo neznaev dali moze da se ostvari odnosno dali ke bide uspeshna ako se izgradi ,no koga vidov deka celoto opstestvo se razviva informaticki a sepak ucenicite kulturno se donekade neobrazovani i ne nacitani pomisliv deka moze da se realizira so toa sto ke im se dade moznost na site da citaat bez pritoa da trosat pari za avtobusi ,biblioteki ,rokovi ,clenstva itn.Mnogu od decata ne ni mozat da si go dozvolat toa i najcesto zaradi taa pricina ne citaat ili citaat samo toa sto im e zadolzitelno, a so vakov nacin moze da dobijat pristap do se bidejki sekoj ima internet doma ili pak na uciliste.Zatoa i se razmisluvam za besplaten servis .

    Dobra ti e idejata za takov pristap ,no vo sekoj slucaj ovaa ideja nema da pocne so realizacija do letovo poradi mnogute obvrski koi gi imam,a za seto toa vreme ke se obidam da istrazam najdlaboko sto mozam i ako uspeam da najdam da dobijam nekakva pomos (mozebi ministerstva ,firmi ,avtori na dela itn) kako podrska za avtorskite prava ili eventualno podrska za kodiranje na servisot :)
  24. Новица Гик

    Член од:
    7 Јануари 2009
    Број на мислења:
    222
    Допаднати мислења:
    18
    Не. Според законот немаш апсолутно никакво право да користиш било кое дело за било која намена или цел освен она што е предвидено со закон (рецензија, критика, пародија... ).

    Твоите намери не се важни. Си права им припаѓаат на авторите (или други носители).
  25. IT Boss n00b

    Член од:
    2 Јуни 2010
    Број на мислења:
    195
    Допаднати мислења:
    15
    Даци, значи со отворањето на јавен сервис каде што секој може да прикачи содржини, ти си ограден од било какви тужби. Но под услов да има една форма, слична на онаа на YouTube и на другите такви веб сервиси, каде што легитимниот автор на делото ќе може да пријави злоупотреба и во тој случај ти си должен во одреден рок да ја избришеш таа содржина. Ти доколку несакаш, немораш да дозволуваш на трети лица да прикачуваат содржини, но препорачливо е да ти во име на трето лице ѓи прикачуваш содржините на сајтот.

Сподели